Хуманитарната традиционална акција „Недела на најголемиот појадок” (Biggest Breakfast Week) трае до крајот на неделава.Организаторот на акцијата, Сојузот на Лајонс клубови на Северна Македонија Д-132 Скопје и невладината организација ДФЦЦА (DFCCA – Drive for Colon Cancer Awareness) Северна Македонија,апелираат што е можно повеќе компании и индивидуалци да се вклучат во реализацијата на оваа хуманитарна акција, каде се организира солидарен појадок меѓу колегите. На овој начин, секој вработен може да ја покаже својата хуманост.
„Учесниците во оваа кампања се хумани поддржувачи кои со своето учество и донација директно помагаат за успешна реализација на кампањата „Недела на најголемиот појадок”. Драго ми е што многу компании и хумани личности веќе учествуваат во традиционалната акција и вработените го донираат својот појадок, што покажува дека сме моќна светска клупска хуманитарна организација. Нашата моќ е во тоа што служиме во заедницата, секогаш сме покрај страдалниците кои бараат поддршка. Доброволно подаваме рака на сиромашните, болните, хендикепираните, оние без пријатели и беспомошните”, вели Гувернерката на Лајонс дистриктот Д-132, Весна Пацаноска.
Оваа акција на солидарен појадок меѓу колегите има цел да ја приближи потребата за важноста на превенцијата и заштитата на ранливите категории од КОВИД -19 во државата, но и на светско ниво. Сите што се вклучуваат кон оваа благородна кауза може да организираат заеднички солидарен појадок на вработените во просториите на својата организација. Тоа значи дека парите предвидени за појадокот да ги донирате на жиро-сметка за поддршка на кампањата, а некој колега да подготви појадок дома и да го подари на своите колеги во работните простории, почитувајќи ги владините мерки за заштита од КОВИД-19.
Акцијата трае од 22 ноември 2021 година. Донациите може да се уплатат на жиро сметка 210072393600152 на здружението преку НЛБ Банка АД Скопје.
Lions Clubs International е најголема светска клупска хуманитарна организација, основана во 1917 година во Чикаго, САД. Сојузот на Лајонс клубови на Северна Македонија Дистрикт 132-Скопје е дел од ова големо светско семејство на хумани луѓе.
“ДА ГИ ОБЕДИНЕМЕ СРЦАТА ПРЕКУ СЛУЖЕЊЕ”
Повеќе информации може да се најдат на:
FB: https://www.facebook.com/LionsDistrict132NorthMacedonia
FB: https://www.facebook.com/Drive-For-Colon-Cancer-Awareness-361055910984997