По победата на Новак Ѓоковиќ над големиот ривал Марин Чилиќ за израмнување на 1-1, полуфиналниот дуел во Дејвис Купот меѓу Србија и Хрватска мораше да се решава со меч во двојки.
На теренот во Мадрид одново се појави најдобриот тенисер на денешницата, но негов партнер не беше Никола Ќаќиќ, туку Филип Крајиновиќ, кој влета во последен момент. На спротивната страна пак, боите на Хрватска ги бранеа двајцата најдобри тенисери во конкуренција на двојки во светот, Никола Мектиќ и Мате Павиќ.
Мектиќ и Павиќ ја имаа улогата на фаворити на овој меч и истата ја потврдија со квалитетен тенис против разиграните Срби. Ѓоковиќ и Крајиновиќ одлично го отворија мечот и не дозволува тенисерите од спротивната страна да наметнат свој стил на игра, но сè пропадна во вода во 12. гем од првиот сет, во кој Хрватите направија брејк и поведоа со 1-0. Во вториот сет, играта на Србија пропадна, а шампионот од ЛИО во Токио не испуштија таква можност и со убедливи 1-6 ѝ обезбедија финале на својата селекција.
Во првиот меч, Борна Гојо (279 на АТП листата) направи изненадување и со 4:6, 6:3, 6:2 го победи Душан Лајовиќи (33 на АТП ) навести дека Коцкестите ќе бидат во финалето.
Во борбата за Дејвис Куп трофејот, Хрватска ќе се сретне со подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Германија и Русија.