САД и Европската унија денеска изразија силна загриженост поради „проблематичните и еднострани акции” на Кина во Јужно и во Источно Кинеско Море, како и во Тајванското Море.
Заедничката изјава уследи по разговорите во Вашингтон, кои ги водеа американскиот заменик државен секретар Венди Шерман и европскиот државен секретар за надворешни работи Стефано Санино.
Шерман и Санино копретседаваа со вториот дијалог САД-ЕУ за Кина и консултациите на високо ниво за Индо-Пацификот.
Европската комисија пред два дена ја објави новата европска инвестициска стратегија Глобална порта, (Global Gateway), која ќе финансира проекти од областа на зелената и дигиталната транзиција, енергетската и транспортната инфраструктура, како и зајакнување на областите на здравството, образованието и истражувањето.
Планирано е Глобална порта да мобилизира до 300 милијарди евра за европски инвестиции во светот до 2027 година.