Со триумфот на гостински терен над Бахиа од 3:2, фудбалерите на Атлетико Минеиро на две кола пред крајот на првенството ја обезбедија првата шампионска титула во Бразил по пауза од половина век. Сезонава Атлетико беше предводен од феноменалниот тандем Хулк – Диего Коста. Сезона Хулк ја заврши како најдобар стрелец во првенството со 18 гола.
– Ова е чудо, освоивме титула по повеќе од 50 години. И јас самиот сум навивач, а не само фудбалер на овој клуб, изјави Хулк.
Атлетико Минеиро сега и ма 81 бодови, 11 повеќе од бранителот на трофејот Фламенго, кој има одиграно натпревар помалку. За клубот од Бело Хоризонте ова е само втора шампионска титула во клупската историја, по премиерната во 1971 година.
Бахиа пред своите навивачи водеше со 2:0 со головите на Луиз Отавио (62) и Жилберто (66), но гостите го свртеа резултатот во своја корист со три голови во серија преку Хулк (73, пенал) и Кено (74, 77).