Капитенот на италијанскиот фудбалски гигант Јувентус, Џорџо Кјелини, објави дека примил и трета вакцина против коронавирус, таканаречена „бустер” доза, пренесуваат денеска локалните медиуми.
Кјелини, воедно, ги повика сите луѓе да ја одиграат својата улога во борба против пандемијата на коронавирус.
– Благодарение на вакцините и заштитните маски се бориме да се вратиме во нормала. Сите мораат да ја одиграат својата улога. Вакцинирајте се за ваше добро и за да ги заштите најранливите категории граѓани, апелираше италијанскиот репрезентативец.