Џош Лукас ги избриша сите фотографии и видеа од неговиот инстаграм-профил. И неговата девојка, манекенката Рејчел Мортенсон, исчезна без трага во драматична чистка на социјалната мрежа.
На профилот на актерот остана само една фотографија од 2019 година на која навива за младински спортски тим „Фајтинг флондерс“ во Бруклин. Тој, исто така, ја отследи Рејчел на платформата за споделување фотографии.
Фактот дека Џош (50) ги избриша сите фотографии, вклучително и многу од себе со Рејчел (37), разбирливо поттикна шпекулации за потенцијална разделба.
Извор близок до актерот изјави за „Пејџ сикс“ дека Лукас снима во Доминиканската Република до февруари 2022 година, па можеби оддалеченоста влијаела на романсата.
Бројката од 137.000 следачи на Џош сè уште фигурира на профилот. Манекенката ги има сите фотографии од неа и ѕвездата на Sweet Home Alabama на својот профил и продолжува да го следи.