Баерн Леверкузен ја наполни мрежата на последнопласираниот Гројтер Фурт

Баер Леверкузен ја оствари најубедливата победа во денешните пет одиграни натпревари од 14. коло во германската бундеслигашка конкуренција против последнопласираниот Гројтер Фурт со 7:1. Патрик Шик, чешкиот фудбалски интеранционалец постигна четири од седумте голови за „фармацевтите“ и тоа во вториот дел.

Победникот беше решен уште во првиот дел кога Леверкузен поведе со 3:1, а потоа на сцена стапи Шик кој ја дотолчи екипата на Гројтер.

 

Треба да знаете
Последни објави