Вечното дерби во хрватскиот фудбалски шампионат меѓу повеќекратниот првак Динамо и сплитски Хајдук одиграно во Загреб заврши со триумф на гостите од „Пољуд„ (0:2). Хајдук по победата на „Максимир“ го прескона Динамо на табелата кој има и натпревар помалку, наредувајќи се зад лидерот Риека и второпласираниот Осиек.
Гостите од Сплит победата ја славеа на теренот и клупата, а тоа ги испровицира домаќините кои жестоко реагираа. Еден од нив беше и македонскиот репрезентативен капитен Стефан Ристовски кој ги загуби нервите и се обиде „да му објасни“ некои работи на играч на Хајдук кој дотрча од клупата да слави на теренот, но, за среќа, беше запрен од Јани Атанасов.
Помладиот македонски репрезентативец кој игра за Хајдук беше прибран и успеа да го спречи Ристовски да предизвика поголем инцидент по што би заработил и посериозна забрана за настап.