Ретки се погодоците во фудбалот постигнати со директен удар од корнер. Еден таков има постигнато за макеоднската фидбалска репрезентација и поранешниот репрезентативец Артим Шаќири и не против било кого туку против Англија !
Викендов, во 17. коло од италијанската фидбалска Серија А беа постигнати дури два. Првиот беше дело на турскиот интернационалец Хакан Чалханоглу од редовите на Интер во гостинскиот триумф против Рома (3-0), а синоќа тоа го повтори и Колумбиецот Квадрадо од Јувентус против Џенова (2:0). За разлика од Чалханоглу кој се пофали дека „стрелал“ да постигне гол, Квадрадо по овој погодок беше многу поискрен и призна дека неговата намера со топката била поинаква, но сепак завршила во мрежата.
-Да бидам најискрен, не сакав да постигнам гол директно од корнер и тоа му го кажав на гостинскиот голман Сиригу. Мојата намера беше да нафрлам во просторот пред првата статива, но топката отиде многу високо и се случи тоа што се случи, вели Квадрадо.
За Јувентус ова беше осма победа во досегашните 17 кола од Серија А, со која се искачи на петтото место на табелата.