Хали Бери се огласи на „Инстаграм“ во саботата за да сподели неколку фотографии и снимка зад сцената од нејзината трансформација во кралицата Клеопатра.
Актерката (55) ги почести своите 7,2 милиони следачи со интимен поглед на подготовките за новиот проект.
Таа на себе има металик златен фустан и златен накит на главата додека се трансформира во египетската кралица за најновата реклама на американската веб-страница за обложување Сaesars Sportsbook.
Во кус фрагмент од рекламата се гледа и нејзиниот партнер во промото, комичарот Џејби Смув.