(Видео) Квадрадо признава дека голот од корнер против Џенова бил случаен

Ретки се погодоците во фудбалот постигнати со директен удар од корнер. Еден таков има постигнато за макеоднската фидбалска репрезентација и поранешниот репрезентативец Артим Шаќири и не против било кого туку против Англија !

Викендов, во 17. коло од италијанската фидбалска Серија А беа постигнати дури два. Првиот беше дело на турскиот интернационалец  Хакан Чалханоглу од редовите на Интер во гостинскиот триумф против Рома (3-0), а синоќа тоа го повтори и Колумбиецот Квадрадо од Јувентус против Џенова (2:0). За разлика од Чалханоглу кој се пофали дека „стрелал“ да постигне гол, Квадрадо по овој погодок беше многу поискрен и призна дека неговата намера со топката била поинаква, но сепак завршила во мрежата.

-Да бидам најискрен, не сакав да постигнам гол директно од корнер и тоа му го кажав на гостинскиот голман Сиригу. Мојата намера беше да нафрлам во просторот пред првата статива, но топката отиде многу високо и се случи тоа што се случи, вели Квадрадо.

За Јувентус ова беше осма победа во досегашните 17 кола од Серија А, со која се искачи на петтото место на табелата.

 

Треба да знаете
Последни објави