Ришарлисон остана без погодок во 44. минута поради офсајд, а неколку минути подоцна Одегард го носи Арсенал во предност од 1-0.
ВАР-технологијата и во второто полувреме му поништи гол на Ришарлисон, но одличниот фудбалер конечно го скрши малерот во 79. минута и израмни на 1-1, а потоа Греј во судиското надополнување погоди за 2-1.
Арсенал по 15 одиграни меча се наоѓа на седмата позиција со 23 бодови, додека Евертон е на 12. позиција со 18 бода.