Левандовски: Се надевам дека Меси не кажуваше само празни зборови

Напаѓачот на германскиот фудбалски бундеслигаш Баерн Минхен, Полјакот Роберт Левандовски во своето последно интервју истакна дека се надева дека зборовите на Лео Меси се искрени. Денот кога Меси ја доби седмата „златната топка“, истакна дека минатата сезона Левандовски апсолутно ја заслужил оваа награда, но дека поради ковид19, таа манифестација за прв пат не се оддржа и таа година немаше победник.

Полјакот на таа изјава реагираше со своја и истакна дека се надева дека Меси е сериозно искрен.

Чувствувам тага поради оваа испуштена шанса. Не можам да кажам дека бев среќен, бидејки сум тажен. Да се биде така блиску во конкуренција со Меси е секако добро. Го почитувам него и како тој игра и се што има направено во кариерата. Но, се надевам дека неговите зборови не беа празни за она што го рече за 2020 година, истакна Левандовски за полските медиуми.

 

Треба да знаете
Последни објави