Силекс, Воска и Вардар со нови победи останаа на исто растојание

Водечките три тима во второлигашката фудбалска конкуренција – Запад забележаа победи во прекуредното 14. коло и останаа на исто растојание во трката за позициите кои водат во прволигашкото дрштво, дирекно, односно преку бараж. Лидерот Силекс на тешкиот подбелен терен од снег во Кратово лесно излезе на крај со Тетекс (3:1), а Вардар како гостин се мачаше, но сепка стаса до трите бода на гостувањето кај Беса во Боговиње (0:1). Гостинска победа забележа и Воска Спорт против Велешта (1:2).

Силекс уште во првиот дел го реши победникот. Дуков погоди на два пати во 20. и во 33. минута, а Серафимовски во 41. минута постигна гол од 35 метри. Тетекс постигна почесен гол преку Масевски во 68. минута.

Вардар дури во 77. минута го „скрши“ отпроот на Беса. Блажевски центрираше, а Петковски со глава постигна победнички гол.

Воска Спорт имаше водство од 0-2, но на крајот стравуваше дали ќе ги осови трите бода од гостувањето кај Велешта намали во финишот, но не направи и пресврт. Алији во 11. минута донесе водство за гостите, а Вељаноски во 69. минута зголеми на 0-2. Анруши во 82. минута погоди за 1-2.

Втора фудбалска лига Запад – резултати: Беса – Вардар 0-1, Силекс – Тетекс 3-1, Велешта – Воска Спорт 1-2, Охрид Лихнидос – Гостивар 4-2, Кадино – Кораб 1-3.

Табела:Силекс 38 бода, Воска Спорт 29, Вардар 26, Кораб 19, Тетекс 18, Гостивар 17, Охрид 14, Велешта 14, Беса 13, Кадино 6.

Треба да знаете
Последни објави