Детонит јуниор неочекувано денеска во прекуредното 14. коло од источната второлигашка фудбалска конкуренција и застна на патот на Слога и тоа во Виница (1:1), а киксот го искорсти прилепска Победа која во Кочани го совлада Осогово (3:1) и се доближи на само два бода до лидерот на едно коло пред крајот на есенкиот дел.
Слога важеше за фаворит и таквата улога ја наметна уште на почетокот од средбата против Детонит. Виничани поведоа уште во шест минути со гол на Христијан Крклински, но не сторија ништо понатаму да ја обезбедат победата. Петар Левков во вториот дел ги казни со погодок во 64 минута што на крајот беше и конечен резултат.
Победа по два порази се врати на победничкиот колосек и сега пак е втора со два бода заостаток зад лидерот Слога, откако Давид Јошески уште по две минути ја најави победата. Осогово израмни преку Тоше Манов во 57 минута, Филип Стомнароски во 61и Бојан Спиркоски во 63 ја верификуваа победата за прилепчани.
Втора лига Исток – резултати:
Братство Житоше – Локомотива Градско 4-1, Осогово – Победа 1-3, Слога Виница – Детонит јуниор 1-1, Каменица Саса – Беласица 0-0, Кожув – Кит Го 2-1
Табела:Слога Виница 31 бод, Победа 29, Каменица Саса 28, Беласица 25, Кит Го 19, Осогово 18, Кожув 17, Детонит Јуниор 15, Братство Житоше 7, Локомотива Градско 6.