Изминатава ноќ во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА се одиграа 13 натпреаври, а блескави партии имаа претставниците од регионмов, српскиот интеранционалец Никола Јокиќ и словенечкиот Лука Дончиќ.
Јокиќ беше креаторот на победата за Денвер на гостувањето кај Њу Орлеанс пеликанс (120:114), остварена по едно продолжение.Со овој триумф Денвер дојдоа до половичен ефект сезонава со 12 победи и исто толку порази. Српскиот интернационалец на овој меч го оствари својот 61. трипл-дабл ефект во кариерата.
Јокиќ средбата ја заврши со 39 поени и по 11 скока и асистенции, додека и кај противникот убедливо најдобар беше Литванецот Јонас Валанчиунас со 27 поени и 11 скока.
Далас ја прекинаа низата од три порази по ред, откако на гостински терен беа подобри од Мемфис (104;:6). Лука Дончиќ, кој беше критикуван за својата игра и пред се за зголемената тежина, на овој меч возврати најдобро што знаеше – со мајсторска партија. Словенецот средбата ја заврши со 26 поени, осум скока и седум асистенции, додека Џексон беше најпрецизен кај домаќинот со 26 поени и седум скока.
Резултати: Кливленд – Чикаго 115:92, Детроит – Вашингтон 116:119 (п), Индијана – Њујорк 122:102, Мајами – Милвоки Бакс 113:104, Торонто – Оклахома 109:110, Хјустон – Бруклин 114:104, Минесота – Јута 104:136, Њу Орлеанс – Денвер 114:120 (п), Голден Стејт – Портланд 104:94, Сакраменто – Орландо 142:130, ЛА Клиперс – Бостон 114:111, Мемфис – Далас 96:104, Шарлот – Филаделфија 106:110.