Во Австарлија се поголема нервоза оти Ѓоковиќ не се изјаснува дали е вакциниран

Во Австарлија не престануваат нападите кон светскиот тениски рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ во својата богата кариера има освоено девет гренд-слем трофеии во Мелбурн. Причина за ваквиот нивни критички став кон Ѓоковиќ е тоа што не се изјаснува дали се вакцинирал и дали ќе настапи во најновото изданија на првиот сезонски гренд-слем турнир Австарлија опен во јануари идната година. Ѓоковиќ во последно време не се изјаснува околу ова прашање, и ја крие здравствената книшка што ги прави организаторите се понервозни.

Медиумите со денови шпекулираат како Србинот ќе стигне до првиот Мелбурн некои спомнуваат и дупки во законот кои би можел тој да ги искористи. Директорот на Австралија опен, Керг Тејли изјави дека пријавата за натпреварот не мора да значи дека играчот што се пријавил и ќе настапи на турнирот, додека сенаторот од Тасманија, Џеки Лемби е против тоа да се дозволи било каков исклучок за Ѓоковиќ.

Лемби во утринската програма на една национална телевизија, коментираше одредени наводи дека Ѓоковиќ може да ја искористи „дупката во законот“ за влез во Австралија.

-Не знам од каде излегува таа приказна за дупка во законот. Или сте целосно вакцинирани или не. Ако не сте, како што се повеќето Австралијци, ќе ги почитувате мерките, не ми е грижа дали сте број еден тенисер во светот или не, изјави Лемби

Свое мислење даде и теливизискиот водител на оваа програма, Крис Смит.

-И да се направи исклучок, што значи тоа ? Тој го прележа Ковид-19 вирусот во 2020 година и некако е имун. Ако сака да игра на Австралија опен, мора да се вакцинира целосно. Некако мислам дека тој го има направено тоа, но нема да ни каже јавно, изјави водителот.

Треба да знаете
Последни објави