„И едноставно така…“ – Кери, Мирана и Шарлот заблескаа на премиерата во Њујорк

Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис ги отелотворија своите култни ликови од„Сексот и градот“ во сензационални тоалети на синоќешната премиерата на новото поглавје на популарната серија.

Сите погледи беа вперени во трите главни протагонистки на новата сезона „И едноставно така…“ – Сара Џесика Паркер (во улога на Кери Бредшо), Синтија Никсон (Миранда Хобс) и Кристин Дејвис (Шарлот Јорк Голденблат) додека пристигнуваа на премиерата во Њујорк во средата.

Сара (56) воодушеви во креација на Оскар де ла Рента, што потсетува на Кери Бредшо, нијанса на сино-сива боја со бледо розово здолниште од тул што ѕирка одоздола. Синтија (55) на себе има смела, но сепак елегантна портокалова тоалета, а Кристин (56) зрачи со елеганција во темносин фустан.

Серијата ги открива Кери, Миранда и Шарлот како се движат по патот од комплицираната реалност на животот и пријателството во своте триесетти години до уште покомплицираната реалност на животот и пријателството во нивните педесетти.

Пристига на 9 декември, 17 години по финалето на „Сексот и градот“ и 13 години по играниот филм од 2008 година. Оригиналната серија, која се емитуваше од 1998 до 2004 година, создаде два спин-оф филмови.

Треба да знаете
Последни објави