Серена Вилијамс го откажа настапот на Австралија опен

Најтрофејната тенисерка во историјата на Австралија опен, Серена Вилијамс и го откажа настапот на претстојниот гренд-слем турнир кој ќе се одржи во јануари идната година. Но тоа не е поврзано со барањето за задолжителна вакцинација. Седумкратната шампионка од Мелбурн во сингл за жени, Серена Вилијамс, нема да се натпреварува на Отвореното тениско првенство „по совет од нејзиниот лекарски тим”.

– Следејќи го советот од мојот медицински тим, одлучив да се повлечам од овогодинешното натпреварување на Австралија опен. Ова не е лесна одлука за да се донесе, но, јас не сум на нивото на кое што треба да бидам за да се натпреварувам, изјави Вилијамс.

Таа вели дека Мелбурн е нејзиното омилено за посета и со нетрпение очекува да игра повторно таму.

– Ќе ми недостига да ги гледам навивачите, но возбудена сум што ќе се вратам и ќе се натпреварувам на моето највисоко ниво, вели Вилијамс.

Тенисерката со дури 23 трофеи од најголемите тениски турнири последниот меч го одигра изминатото лето на „Вимблдон”, каде што уште во првиот сет го предаде мечот против Белорусинката Александра Шашнович.

Треба да знаете
Последни објави