Со одигрувањето на последното 6. коло во групната фаза во елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите, познати се составите на барабаните за извлекување на двојките од осминафиналето што ќе се изврши на 13 декември во 12 часот во Нион. Вечерва ќе биде познат последниот патник по одигувањето на одложениот натпревар меѓу Аталанта и Вилјареал (19 ч.) во Бергамо кој синиќа беше одложен поради снежни врнежи. Вилјареал ќе биде осмионафиналист и со реми, а Аталанта ќе мора да победи ако сака европска пролет во ЛШ.
Екипите за ждрепката ќе бидат поделени во два барабани. Во едниот ќе бидат победниците на групите како привилегирани, додека во другиот второпласираните екипи од секоја од осумте групи.
Во групата на носители ќе се најдат: Манчестер Сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн (М), Манчестер Јунајтед, Лил и Јувентус. Овие екипи нема да можат да играат меѓусебно, па противници ќе чекаат од некоја од второпласираните екипи кои се во вториот шешир:ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг, Интер, Бенфика, Виљареал (Аталанта), Салцбург и Челзи.
Треба да се напомене дека во осминафиналето екипите од иста земја и иста група не можат да играат меѓу себе.