34-годишниот актер, кој има 11 милиони следачи на Инстаграм, а се прослави глумејќи го Драко Мелфој во блокбастер сагата за Хари Потер, призна дека нема да дозволи неговата мајка Шерон Енстеј да го пребарува неговото име на интернет во случај да открие нешто негативно за него.
„Тоа навистина може да има влијание. Се трудам да правам најдобро што можам. Кога го работевме филмот пред 20 години, очигледно тогаш немаше социјални мрежи.
„Немаше интернет. И одеднаш се најдов во овој свет каде што можеш да го упишеш името и да прочиташ сешто… ѝ забранив на мајка ми да ме гугла“.
Ѕвездата од „Хари Потер“ откри и дека не го препознаваат на улиците, па дури и кога ќе го забележат, многу од нив не знаат кој е.
Зборувајќи за Square Mile, тој рече: „Го добивам најдоброто од двата света. Се возам со метро, се возам со автобус, го шетам моето куче во паркот. Ја видов Ема (Вотсон) пред некоја вечер. Таа изгледа исто како и пред 10 години. Речиси е невозможно да не биде забележана. А кога ќе ме видат мене многу луѓе шепотат: „Дали е тоа оној, како ли се викаше?“