УЕФА го одложи дуелот на Тотенхем против Рен!

Челниците на Европската фудбалска федерација (УЕФА) дефинтиивно го откажаа вечерашниот дуел помеѓу Тотенехм и Рен од Конференциската лига, откако англискиот премиерлигаш се соочи со масовна вироза во своите редови од коронавирусот.

Најмалку осум фудбалери на премиерлигашот се надвор од стројот, како и неколку членови на стручниот штаб, поради што се побара натпреварот да не се игра. Во меѓувреме, францускиот тим пристигна во британската престолнина и беше револтиран што навреме не му била соопштена ваквата ситуација, но европската федерација се стави на страната на Тотенхем.

Во текот на следните денови ќе биде одредено кога ќе се одигра натпреварот. Рен веќе има обезбедено втора фаза, бидејќи има единаесет бода од пет натпревари, додека Тотенхем е на делба на втората позиција со Витесе. Двете екипи имаат по седум бода.

Треба да знаете
Последни објави