Поп-ѕвездата на топ листите ја има 15-месечната Лира со сопругата Чери, и откри дека девојчето му го променило животот.
Ед Ширан (30), кој се ожени со Чери Сиборм во 2019 година, беше гостин во шоуто на Елен Деџенерeс каде рече: „Oткрив дека навистина немам цел надвор од музиката затоа што кога си давав одредено време без работа, чувствував дека не правам сè затоа што сакам да се занимавам со музика. И да се биде татко всушност ми даде цел и нешто во животот што е всушност поважно од мојата работа“.
Ед е еден од најпродаваните уметници во светот, но татковството го опиша како најдоброто нешто што му се случило.
Хитмејкерот додаде: „Мислам дека има толку многу различни страни и форми во него. Има тешки денови, има лесни денови. Тоа е тобоган од емоции. Знам дека звучи како клише, но е неверојатно. “