Џилијан Андерсон се согласува дека нејзината улога на застрашувачка мачка во божиќниот анимиран филм Robin Robin има призвук на еден друг лик што таа го толкуваше – поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.
„О, боже, ти не си првата личност што го кажува тоа“, вели актерката која доби „Еми“ за улогата на поранешната премиерка во најновата сезона на „Круна“, на прашањето од „Би-би-си“ дали мисли дека постои сличност во тонот.
„Мислам дека сте во право, внатре има малку г-ѓа Т, не намерно, но да – додека влегував во темни, таинствени, здивни тонови, мислам дека таа почна да се враќа назад“.
Robin Robin е најновата креација на студиото од Бристол, во режија на Ден Оџари и Мајки Плис. Тоа е краток празничен филм за млада птица со криза на идентитетот откако пораснала во домаќинство од глувци.
Таа е главната ѕвезда на овој многу посебен анимиран божиќен филм. Јајце што треба да се изведе испаѓа од гнездото, и малата птичка е посвоена од весело и топло семејство на глувци. За да им докаже дека и таа може да биде добар глушец, Робин тргнува во голема авантура во која дознава важна вистина за себе.
Актерката вели дека била изненадена кога на првиот ден од работата на гласот за ликот на мачка дознала дека продукцијата всушност била мјузикл – и дека од неа се очекувало да пее.
„Не знаев дека е мјузикл кога се пријавив, не го прочитав тој дел од е-поштата“, раскажува таа.
„Со анимацијата, вие го користите само вашиот глас, така што сфаќате дека гласот треба да го вткаете во сите работи што не ги правите физички.“