Претстојниот Spider-Man: No Way Home („Човек-пајак: Далеку од дома“) ќе го означи крајот на најновата трилогија за суперхеројот, а Том Холанд признава дека не е сигурен дали тој и неговите колеги од филмот – Зендаја и Џејкоб Бeталoн – ќе се вратат во нивните улоги.
25-годишниот Том за весникот „Сан“ изјави: „Ова е крај на трилогијата и е многу емотивно за нас тројцата.“
„Почнавме да работиме заедно кога имавме 19 години, брзо станавме пријатели и растевме заедно, бевме како семејство надвор од универзумот на Спајдермен, така што не е јасно што носи иднината. Евентуалното простување од овој лик е навистина емотивно“.
Ѕвездата додаде: „Спајдермен ќе живее засекогаш во мене“.
И покрај неизвесноста на Том, продуцентката Ејми Паскал минатата недела навести дека тој се враќа како легендарниот суперхерој во уште три филма