Артета го посакува Ричарлисон

Бразилскиот интернационалец од редовите на Евертон, Ричарлисон, е најновата желба на менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Микел Артета. Шпанскиот стручњак е убеден дека напаѓачот на „карамелите“ ќе биде идеална замена за актуелниот капитен на „топчиите“, Пјер Емерик Обамејанг, но неговата желба ќе стане реалност за време на летниот преоден рок само доколку официјалната понуда не биде помала од 75 мил. фунти.

Треба да знаете
Последни објави