Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов се врати во тимот на Шалке по успешната рехабилитација од повредите со погодок. Напаѓачот Чурлинов го одигра речиси целиот натпревар против Нирнберг, што Шалке во Гелзенкирхен пред своите гледачи го доби со 4:1. Македонскиот репрезентативен напаѓач беше стрелец на третиот гол во 85 минута со кој ја обезбеди победата за тимот од Гелзенкирхен.
Шалке со оваа победа се враќа на третата позиција во „Цвајте“ која носи бараж натпревар за пласман во Бундеслигата. За Чурлинов ова беше прв погодок сезонава за Шалке, во чиј дрес одигра вкупно девет натпревари.