Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со два гола синоќа го однесе Наполи во шеснаестинафиналето во Лига Европа после победата со 3-2 против Лестер, па еден неверојатен статистички податок откри популарната страница „Опта“.
Македонецот после цели шест ипол години е првиот фудбалер на Наполи кој во Европа успеал да даде два гола во дресот на наполитанците. Последен на кого ова му успеало е Словакот, Марек Хамшик, кој даде два гола против Волфсбург во април 2015 година.
Оттогаш ниту еден наполитанец не погодил двапати до синоќа, кога Елмас успеа двапати да го матира Каспер Шмајхел и да донесе голема победа.
Елмас есенва во групната фаза даде четири гола, од кои еден против Спартак Москва во Неапол е втор најбрз во историјата на Лига Европа за 13 секунди.