Бабунски продолжува да ги тресе мрежите во Бугарија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Доријан Бабунски постигна уште два гола за својот тим Ботев и е најзаслужен за гостинскиот триумф кај Локомотив Пловдив (4:2) во бугарскиот шампионат. Помалиот од браќата Бабунски, Доријан кој ја мина фудбалската шокола на шпанскиот гигант Реал Мадрид, првиот гол го постигна во 10. минута од пенал и со него го отвори резултатот, а вториот го даде на стартот од второто полувреме, во 48 минута кога зголеми на 1:3.

Досега Доријан Бабунски постигна 10 гола за тимот на Ботев и се наоѓа на второто место на најдобри стрелци во бугарскиот шампионат, веднаш зад Сотитиу од Лугодорец кој има постигнато еден гол повеќе.

Треба да знаете
Последни објави