ИМДБ на својата веб-страница и социјалните мрежи објави листа на десет најпопуларни филмови и серии во 2021 година. Резултатите се засноваат на реалните месечни прегледи на нивната страница.
На листата оваа година нема драми или хорор филмови, преовладуваат научнофантастични и приказни за суперхерои.
Првиот најпопуларен филм на ИМДБ е Dune, нова адаптација на научно-фантастичниот роман на Френк Херберт. Во филмот, заплетот го следи младиот Пол Атреид, кому му е доверена заштита на највредниот имот и најважниот елемент во галаксијата. Филмот заработи многу, а веќе е потврдено и снимањето на продолжението во кое ќе заврши дејството од првиот роман.
По него следи филмот Suicide Squad („Одред самоубијци“) во кој најозлогласените негативци се приклучуваат на тајната мисија да помогнат да се запрат уште поголемите негативци. Годинава излезе второто продолжение, а во првото продолжение од 2016 година во составот беше најголемиот противник на Бетмен – Џокер.
Покрај овие два, други филмови на листата на најпопуларни се: Eternals, Mortal Kombat, Justice League („Лига на првдата“ на Зак Снајдер) , Godzilla vs. Kong (“Годзила против Конг“), Black Widow („Црна вдовица“), Army of Dead (Армија на мртвите“), „Круела“ и „Шанг-Чи и Легендата за десетте прстени“.
Слична е ситуацијата и со овогодинешните најпопуларни серии. На списокот се наоѓаат суперхероите на „Марвел“, како и серии од жанровите научна фантстика и фантазија, како и многу популарна серија базирана на познати љубовни романи.
Оваа година, најпопуларна на ИМДб е Марвеловата минисерија WandaVision. Заплетот на серијата го следи заплетот по филмот Infinity War, во кој Вижн почина, а Ванда Максимоф се обидува да се справи со загубата на саканата личност. Мини-серијата го комбинира стилот на класичните ситкоми и Марвел, во кои Ванда и Вижн „живеат“ идеални животи во предградијата.
На второ место е „Локи“, уште една серија на „Марвел“. Дејствието на серијата се одвива по настаните во последниот филм Avengers: Endgame („Одмазници: Крајна игра“), а исто како „Ванда Вижн“, серијата доби многу позитивни критики.
Заедно со WandaVision и Loki, на листата најпопуларни серии се и јужнокорејската Squid Game, потоа The Falcon and the Winter Soldier, Bridgerton, The Walking Dead, Mare of Easttown, Shadow and Bone, Cobra Kai и Lucifer.