Елмас прв фудбалер на Наполи кој дал два гола во Европа после цели шест ипол години (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со два гола синоќа го однесе Наполи во шеснаестинафиналето во Лига Европа после победата со 3-2 против Лестер, па еден неверојатен статистички податок откри популарната страница „Опта“.

Македонецот после цели шест ипол години е првиот фудбалер на Наполи кој во Европа успеал да даде два гола во дресот на наполитанците. Последен на кого ова му успеало е Словакот, Марек Хамшик, кој даде два гола против Волфсбург во април 2015 година.

Оттогаш ниту еден наполитанец не погодил двапати до синоќа, кога Елмас успеа двапати да го матира Каспер Шмајхел и да донесе голема победа.

Елмас есенва во групната фаза даде четири гола, од кои еден против Спартак Москва во Неапол е втор најбрз во историјата на Лига Европа за 13 секунди.

Треба да знаете
Последни објави