Најстарото градското дерби во италијанската фудбалска Серија А и припадна на Сампдорија во пресметката со Џенова (3:1) во рамките од 17. коло. По најновиот пораз тимот на поранешниот македонски капитен Горан Пандев, кој од неодамна е предводен од клупата од Андриј Шевченко, остана на претпоследното 19. место на табелата со 10 бода, а Сампдорија се искачи на 14. место со 18 бода.
Натпреаврот го одлучи напаѓачот на Сампдорија, Маноло Габијадини кој постигна два гола, првиот во седмата минута, а вториот во 67 минута за водство од 0:3. Претходно во листата на стрелци се запиша и Капуто.
Почесниот гол за Џенова беше дело на Матија Дестро во 78 минута. Горан Пандев ги одигра 90. минути за Џенова.