Поранешниот НФЛ шампион, Демариус Томас (33) е пронајден мртов во својот дом.
Поранешниот вајд рисивер на Денвер бронкос, Њу Ингланд патриотс, Њујорк џетс и Хјустон тексанс починал во својот дом, а првичните наоди на полицијата се дека смртта настанала поради „медицински причини“.
Демариус Томас беше дел од тимот на Денвер бронкос кога во 2015 година стана НФЛ шампион откако во финалето, популарниот Супербол со 24:10 славеше над Каролина пантерс.
Токму Денвер во 2010 година го избра Томас на НФЛ драфтот и во тимот од Колорадо настапуваше осум сезони и беше еден од најдобрите играчи во екипата. Демариус Томас се наоѓа на второто место на вечната листа на Денвер по истрчани јарди и фатени додавања за тачдаун.