По седумте последователни порази во елитното клупско ракометно натпреварување Лигата на шампионите, повеќекратниот македонски и двократен европски првак Вардар и тренерот Веселин Вујовиќ ја прекинаа соработката. Разделбата ја потврди и Вујовиќ, кој во три наврати седеше на клупата кај „црвено-црните“, а доаѓа в очи на натпреаврот од домашното првенство со Охрид.
Од клупата Вардар на овој натпревар ќе го предводи трио соработници на Вујовиќ во стручниот штаб: Владо Недановски, Стојан Петрушевски и тренерот на голмани Рогановиќ.



