Милан не шутна кон голот на Удинезе до 92 минута, кога Златан Ибрахимовиќ со неговите „ножички“ ја погоди мрежата на домаќинот и ги спаси „росонерите“ од пораз на гостувањето во 17. коло од италијанската фудбалска Серија А. Со овој бод, Милан остана лидер на табелата, но Интер и Наполи сега имаат шанса да го прескокнат ривалот за титулата по одигрувањето на утрешните свои мечеви од ова коло како домаќини на Калјари односно Емполи.
До моментите кога Ибра-гол стапи на сцената се чинеше дека Удинезе ќе освои три бода по тренерската смена, но голот на Бето од првото полувреме сепак се покажа како недоволен за победа.
Zlatan Ibrahimovic goal ⚽
The Swede with yet another acrobatic goal to equalize for the Rossoneri against Udinese ????
Udinese 1-1 AC Milanhttps://t.co/9MB7MKvDtL
— Birdiefootball (@birdiefootball) December 11, 2021
По голот на Ибра за 1:1, Исак Суксес заработи директен црвен картон за удар врз Мањан, па мечот доби и тензична завршница меѓу двете страни. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски на овој натпревар остана на клупата за резервни играчи.



