Ливерпул и Челзи постигнаа победи со голови постигнати од белата точка во 16. коло од англиската фидбалска премиерлигашка конкуренција. На Ливерпул повеќе од еден час му беа потребни да го скрши отпорот на Астон Вила, со реализираниот пенал во 67 минута од Мохамед Салах за да оствари минимална победа (1-0). Челзи против Лидс стаса до победата (3-2) со гол од пенал во 94-та минута. Ливерпул со 37 бода и Челзи со 36, останаа на исто растојание зад лидерот и актуелен шампион Манчестер сити со новиот минимален триумф над Вотфорд (1:0) кој има 38 бода.
Ливерпул напаѓаше, но не знаеше како да ја пробие одбраната на Стивен Џерард, легендарниот капите на „црвените“ кој првпат доаѓа на „Енфилд Роуд“ како противник на славниот англиски клуб, па еден пенал реши сѐ за три бода на Ливерпул.
Италијанецот Жоргињо даде гол од пенал во 94-та минута за победа на лондонските „сини“, кои беа на чекор до нов кикс, а за фудбалерот за врска ова беше вториот гол денеска, откако и во 58-та минута даде го од белата точка. Челзи се измачи за да го победи Лидс кој преку Рафиња поведе во 28-та минута, па следеше пресврт со гол на Мејсон Маунт во 42-та и на Жоргињо во 58-та, но тимот на Марсело Биелса не се предаде и Гелхарт на седум минути пред крајот израмни, ама Лидс не издржа да освои бод, па пенал го реши мечот во судиското надополнување.
Арсенал го победи Саутемптон со 3:0. Александре Лаказет и Мартин Одегард дадоа два гола (21 и 27 минута) за да биде позната победникот, а Габриел во 62-та додаде уште еден гол за сигурна победа.
Со оваа победа Арсенал дојде на бод од четвртиот Вест Хем во трката за место во ЛШ.



