Навивачите на Вардар го испратија Вујовиќ со порака дека Скопје секогаш ќе биде негов дом !

Навивачката група на македонскиот и двократен европски ракометен правак Вардар, популарните „Комити“ го поздравија сега веќе поранешниот тренер Веселин Вујовиќ, кој  денеска доби отказа од клупата на „црвено-црните“. Црногорецот кој третпат го предводеше Вардар се раздели по серијата од седум порази во Лигата на шампионите.

За Вујо-мајсторе навивачите чиј миленик беше, на својата фејсбук страна напишаа:

Го зема приматот од Пелистер а потоа и од Металург…

Направи тим кој потоа се надогради и стана Европски првак…

Природно, создаде посебна хемија со публиката…

Стана икона на Комити !

Знаеше кога да го искористи своето влијание…

Од обичен натпревар знаеше да направи шоу…

Умееше да добие загубен меч…

Мајстор за подигање атмосфера…

Ни предизвикуваше насмевки…

Ни ги насолзуваше очите…

Ни ги растреперуваше срцата…

Стана Вардарова легенда !

Носеше наши реквизити…

Не засака нас како и ние него…

Секогаш беше со нас, а и ние со него…

Беше со нас во сите војни и битки !

Се заљуби во Вардар…

Го сакаше од почеток, ќе го сака до крај…

Кога требаше застана и за Фудбалскиот клуб !

Си купи билет за спас на Вардар !

Беше и остана ЕДЕН ОД НАС !

На Кале испишана историја…

Вечно ќе се памети Вујовата мајсторија !

Скопје секогаш ќе биде твој дом !

Во нашите срца секогаш ќе има место за тебе !

Довидување но никогаш збогум !

Ти благодариме за се !

Засекогаш – ВУЈО МАЈСТОРЕ !

Треба да знаете
Последни објави