Снегот одложи три средби од последното коло во западната група

Во последното есенско 18. коло од фудбалската втролигашка конкуренција во западната група се одиграа само два натпревари, додека три се одложени поради оболни врнежи од снег кој не дозволи минимум услови за играње на второлигашките терени. Вардар го совлада Кадино со 3:0, а Воска беше подобра од Беса (2:0).

Дуелите: Велешта – Силекс, Гостивар – Тетекс и Кораб – Охрид се одложени за в среда. Покрај овие три средби од Западот, в среда ќе се играат и два одлижени меча од Исток: Детонит -Осогово и Кожув – Братство.

Треба да знаете
Последни објави