Брегалница со пресврт ги освои бодовите во Кавадарци на гостувањето кај Тиквеш

Во воведниот натпревар од последното 18. есенско коло во прволигашката фидбалска конкуренција во Македонија, Тиквеш не ја искористи предноста на домашниот терен и е поразен од штипска Брегалница (1:3).

Кавадарчани поведоа со погодокот на Каракамишев во 16 минута и со предност заминаа на пауза, иако гостите во финишот од првиот дел имаа шанса да израмнат од пенал кој не го реализира Стојанов.

Сепак штипјани во второто полувреме направија целосен резултаски пресврт. Израмнија преку Манев во 56 минута., а српскиот интернационалец Ѓокиќ во 70 минута обзбеди водство за штипјани, а неговата замена на мечот во 90 минута Алтипармаковски го постави конечниот резултат. 

За Брегалница ова е осма победа сезонава  и за четврто место на табелата со 29 бодови, додека Тиквеш е на 10. позиција со 15 бодови.

Треба да знаете
Последни објави