Победа ќе презими на лидерската позиција на второлигашкиот Исток

Поранешниот макеоднски фудбалски шампион Победа од Прилеп  ќе презими на лидерската позиција во Втората лига – Исток, по одигрувањето на денешното последно коло есенско коло во кое прилепчани ја совладаа Локомотива Градско (4:0), а досегашниот лидер Слога Виница загуби во Струмица во дербито со Беласица (3:0).

Победа и Слога по денешното коло имаат ист број на бподови по 32, но прилепчани се првопласирани поради подобрата гол-разликиа.

Победа го скрши отпорот на Локомотива во второто полувреме, кога Момировски го отвори резултатот во 47. минута, а потоа двапати Спировски ја затресе мрежата на Локомотива, додека за 4-0 погоди Јошески.

Средбата во Струмица меѓу Беласица и Слога Виница почна со два гола во првото полувреме на домаќините преку Милушев, додека за 3-0 погоди Крстев. Каменица Саса славеше со 1-0 на гости кај Кит-Го, а голот за победа го постигна Марковски. Средбите меѓу Кожув – Братство и Детонит – Осогово беа одложени.

Во источната група Победа и Слога се водечки со по 32 бода, Саса има 31,  Беласица 28…

Треба да знаете
Последни објави