Роналдо изнуди и реализира пенал за победа на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед со многу мака го продолжи трендот на победи на фаворитите во 16. коло од англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција. „Црвените ѓаволи“ фавортиската улога и трите бода од гостувањто кај последнопласираниот тим Норич ги оправда со погодок од белата точка  (0:1).

Решавачкиот момент на натпреаврот се случи во 75.минута. Макс Аронс го собори Кристијано Роналдо во шеснаесетникот, по што беше досуден пенал. Португалецот ја презема одговорноста да го изведе и беше прецизен од белата точка. Тоа се покажа како клучен момент на натпреварот. Давид де Геа во финишот имаше фантастична интервенција и го спаси својот тим од неочекуван резил.

Треба да знаете
Последни објави