Еуро Никел го „стопи“ Работнички

Еуро Никел фати победнички ритам и стигна до четврта победа во низа, совладувајќи гоРаботнички во дербито на колото во мак-баскетот со 95:77. Кавадарчани до убедливиот триумф стасаа со ефикасна игра во третата четвртина која ја добија со 35:20.

Работнички продолжи со променливите игри и резултати, а на овој меч тренерот Тони Симиќ  немаше доволно играчи за ротација бидејќи не можеше да смета на четворицата странци.

Бранислав Ѓекиќ беше најефикасен кај Еуро Никел со 24  поени, а Виктор Златевски од Работнички уфрли 25 и беше најефикасен на мечот.

Гевгелискиот кошаркарски клуб на Кожув ја оправда фаворитската улога против Ангели со убедлив триумф од 105:67.

Резултати од одиграните мечеви во 10. коло: Пелистер – Гостивар  101:66, Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром 90:83 (продолжение од пет минути – 79:79 регуларен дел), Кожув – Ангели 105:67, Еуро Никел 2005 – Работнички 95:77.

Табела: Пелистер 20 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 18, Работнички 16, Гостивар 15, Еуро Никел 15, ФМП Академија 15, Кожув 15, Феникс 15, ТФТ 14, Куманово 11, МЗТ Скопје Уни Банка 10 и Ангели 10.

Треба да знаете
Последни објави