Јувентус не ја оправда фаворитската улога и против Венеција

Повеќекратниот италијански фудбалски првак Јувентус продолжува со променливите и слаби игри оваа сезона. Во 19. коло од Серија А, „старата дама“ на ја оправда фавортиската улога и на гостувањето кај Венеција (1:1). Избраниците на Масимилијано Алегри одиграа слаб натпревар кај новиот калчолигаш, но поведоа во 32. минута кога Мората се запиша во листата на стрелците на центаршутот на Бернардески. ВАР го проверуваше голот на Мората за потенцијална игра со рака, но судијата покажа на центарот. Домаќините играа напаѓачки во вториот дел, играа поотворено и дојдоа до гол во 55. минута што го постигна Араму со кој осовија и бод.

После ова Јуве заостанува десет бода зад водечкиот Милан, кој има натпревар помалку, но многу поголем проблем за Алегри е што неговото четврто место кое води во Лигата на шампионите сега е на шест бода. И четвртопласираната Аталанта има натпревар помалку.

Треба да знаете
Последни објави