Дејвис и Зорман кандидати за наследници на Вујовиќ

Не помина ниту еден ден откако Веселин Вујовиќ доби отказ од редовите на македонскиот и двократен европски ракометен првак  Вардар, почнаа да се вртт имињата за негов наследник на клупата кај „црвено-црните“. Се споменува враќање меѓу „црвено-црните“ на шпанскиот стратег Давид Дејвис Камара кој моментално е без ангажаман и Словенецот Урош Зорман.

Рускиот специјализиран портал „Брз центар“ пишува дека наследник на Вујовиќ ќе биде добро познато лице на македонската ракометна сцена – Давид Дејвис. Шпанецот, кој дојде во Скопје уште во 2014 година, како помошник на Раул Гонзалес, оттогаш созреа како тренер на најголемата сцена во машкиот ракомет. Три години го водеше Веспрем, а си замина летово, откако ја загуби титулата во унгарското првенство од Пик Сегед.

Урош Зорман е со помало тренерско искуство. Тримо Требње каде сега работи е неговото единствено исксутво како прв тренер. Петходно му беше асистент на Љубомир Врањеш на клупата на Словенија, како и на Талант Душебаев во Кјелце.

 

Треба да знаете
Последни објави