Денвер му се одмазди на Сан Антонио за поразот во четвртокот и утринава славеше на гостински паркет со 127-112.
Никола Јокиќ беше главен на мечот, постигна 35 поени, имаше 17 скокови и 8 асистенции, Хауард реализираше 21, Морис 19, во составот на Сан Антонио Вокер постигна 16 поени.
Филаделфија го совлада Голден Стејт со 102-93. Сиксерс завршија одлична работа во дефанзивата против Стеф Кари, кој постигна 18 поени и имаше само три тројки од 14 обиди. Тој на овој натпревар не успеа да го сруши рекордот на Реј Ален од 2.973 постигнати тројки. На ѕвездата на Вориорс му недостигаат уште шест за да се израмни со поранешниот кошаркар на Милвоки, Бостон и Мајами. Џоел Ембид беше најдобар кај Филаделфија со 26 поени.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
ЛА Клиперс – Орландо 106-104
Вашингтон – Јута 98-123
Кливленд – Сакраменто 117-103
Мемфис – Хјустон 113-106
Мајами – Чикаго 118-92



