Барселона направи нов кикс во Примера и денес ремизира кај Осасуна (2-2) во рамките на 17. коло од Примера. Нико и Абдесамад Езалзули блеснаа на оваа средба, но тоа не беше доволно за позитивен резултат. Гостите попуштија во самата завршница и на крај разочарани го напуштија теренот.
Чави Хернандез играше без Мемфис Депај и Филипе Кутињо во нападот. Нико испрати центаршут и погоди уште во 13. минута од дуелот во Памплона. На тоа домашните фудбалери возвратија преку Давид Гарсија, кој по само една минута со глава израмни на 1-1.
Само што започна вториот дел, Осман Дембеле направи продор по десната страна. Додавањето на Французинот донесе чиста позиција за Езалзули, кој со прекрасен удар ја пронајде целта и донесе радост за Каталонците.
Барса сепак не ги издржа завршните налети на Осасуна и со еден бод си замина дома. Кобен за тимот од „Камп Ноу“ беше Чави Виља, кој со реализација во 87. минута донесе голема радост на стадионот „Ел Садар“.



