Сѐ изгледаше како нова круна за Хамилтон, кој од средина на трката имаше повеќе од 16 секунди предност, но на четири круга пред крајот влезе сејфти-кар на патеката, откако Николас Лафти се заби во оградата и последниот круг го решаваше летечкиот старт, а таму…
Хамилтон со 40 крига на исти гуми, а Верстапен со свежи кои ги смени за време на сејфтикарот, Холанѓанецот експресно го претекна Британецот, па одби еден напад на средина од кругот и на крај стигна до шампионската титула, откако двата возачи со ист број на бодови влегоа во последната трка од сезонава.
Уште од стартот една контроверза кога Хамилтон го удри Верстапен, но не беше казнет зашто стујадрите предудија дека е во жарот на борбата, па Британецот со подобриот старт беше прв и по првата третина и првата посета на боксот, веќе направи предност, која Серхио Перез „му ја намали“ закочувајќи го за Верстапен да остане во игра, но по вториот пит-стоп, Британецот веќе имаше убедлива предност зашто остана на првата промена и сѐ изгледаше дека ќе заврши со лесна победа.
Ама, за да не мине без невидена драма се погрижи Лафти со забивањето во ограда за да влезе сејфтикарот, а со тоа Верстапен од веќе загубена позиција да дојде до шанса за победа. Летечкиот круг беше невиден, Холанѓанецот го претекна Хамилтон и на крај победи.




