Трофејниот шпански фудбалски стартег Пеп Гвардиола кој го предводи актуелниот англиски првак и европски вицешампион Манчестер сити има својот коментар по неверојатниот срам што го доживеа УЕФА со двојната ждрепка за двојките од осминафоналето во Лигата на шампионите.
-Мислам дека ждрепката мораше да се повтори и дека станува збор за почитување на фер-плејот и со тоа што се повтори се отстранија сите сомнежи кои можеа да настанат. Видовме грешка при ждрепката, а тие се случуваат. Како на играчите и тренерите, така и на УЕФА. Јас никому ништо не му замерувам и сум повеќе од задоволен само поради тоа што мојот клуб и јас воопшто сме дел од ждрепката со така силни клубови. Сите противници кои можеме да ги добиеме се тешки. Се зборува дека некои се подобри од другите, но во оваа фаза од ЛШ секој противник е тежок, вели Гвардиола.
Во првата ждрепка Сити за противник го доби Виљареал, а по повтореното извлекување на двојките „граѓаните“ ќе играат со Спортинг Лисабон.