Даниел Крег се откажа од портретирањето на тајниот агент 007 и, иако продуцентката Барбара Броколи ги отфрли сугестиите идната верзија на ликот да ја глуми жена, таа призна дека е можно улогата да му припадне на некој кој се идентификува себеси како небинарен род, односно дека не е ниту машки ниту женски.
Во подкастот Girls On Film, водителката Ана Смит ја праша Барбара дали мисли дека 007 секогаш ќе биде машко и таа одговори: „Да, затоа што мислам дека не би требало да снимаме филмови во кои жените глумат мажи.“
„Мое мислење е дека треба да правиме повеќе филмови за жените. Сметам дека Бонд треба да биде маж“.
Но, кога Ана предложи „Небинарен род, можеби, еден ден?“, таа одговори: „Кој знае? Мислам дека е отворено како опција. Само треба да го најдеме вистинскиот актер“.
Продуцентката потврди дека следниот Бонд не мора да биде белец. „Сакаме актерот да биде Британец, а Британец, како што знаеме, може да биде многу тоа,“ рече таа.
Хенри Кавил, познат по својата улога во „Супермен“, неодамна се претстави себеси како потенцијален Бонд и рече дека би му било чест да разговара со продуцентите.
И Хенри Голдинг претходно откри дека му е чест што го поврзуваат со култната улога и нагласи дека е вистинско време за Бонд кој не е бел. „Јас сум Азиец и сите се борат за диверзитетен Бонд – извинете, белци,“ рече тој во една прилика.
Други имиња што се споменуваа во медиумите како можни кандидати се Том Харди, Идрис Елба, Реге Жан Пејџ и Пол Мескал.