Тренерот на англискиот Ливерпул, трофејниот германски стратег Јирген Клоп не штеди пофални зборови за италијанскиот актуелен шампион Интер прптов кого неговиот тим ќе игра во осминафиналето од Лигата на шмпионите. Клоп и го посочува Лаутаро Мартинез како играч кој е еден од најпривлечните напаѓачи во светот, но ја коментира и бизарната ситуација која ја режираа одговорните луѓе на УЕФА во Нион при извлекувањето на осминафиналните двојки од елитното натпреварување кое беше полудиригирано, бидејќи екипите од иста земја и оние кои играа во иста група од лигашкиот дел не можеа да играат во првата нокаут-фаза меѓусебе.
За првпат од постоењето на Лигата на шампионите, ждрепката беше повторена и 14 тима добија различни противници (со исклучок на Челзи и Лил), па така Ливерпул наместо со Салцбург, во осминафиналето ќе ги одмери силите со Интер.
– Искрено, го гледав извлекувањето во живо и веднаш знаев дека ждрепката ќе биде повторена. Знаев дека нема шанси да остане на првичната ждрепка. Беше направена очигледна грешка и мораше цел процес да се повтори. Сметам дека тоа е вистинската одлука, – вели Клоп кој на прво место ја става правдата, а не подобриот ждреб во првото извлекување.